Проруски власти: Во Соледар сѐ уште има мали џебови на отпор

Сподели со своите пријатели

Проруски функционер во регионот на Доњецк рече дека сè уште има „мали џебови“ на украинскиот отпор во Соледар, пренесува Sky News.

Loading...

Руските власти денеска објавија дека ја презеле контролата врз Соледар по повеќемесечна битка, додавајќи дека тоа е клучен чекор.

„Точно, во моментов има уште мали џебови на отпор во Соледар, но нашите момци продолжуваат да ги уништуваат непријателските сили. Операцијата беше успешна и западната периферија на Соледар е веќе целосно под наша контрола“, рече Андреј Баевски за руските државни медиуми, потполковник и претставник во парламентот на самопрогласената Народна Република Доњецк.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.