Украинските сили контролираат околу 1 отсто од територијата на источниот регион Луганск, изјави денеска прорускиот лидер на тој окупиран регион, а пренесува руската режимска агенција РИА.
Loading...
Леонин Пашечник, прорускиот лидер на Луганск назначен од Москва, рече дека Украина го контролира селото Белогоровка и две други населби во областа Луганск.
Рускиот претседател Владимир Путин ја прогласи областа Луганск за дел од Русија, откако Русите одржаа т.н „Референдуми“ во окупираните украински региони.
Западните влади и Киев рекоа дека референдумите се јасно кршење на меѓународното право и дека се правно неважечки.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.