Пропагандисите на Путин: Немаме повеќе опции. Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Владимир Соловјов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и познат пропагандист, се осврна на извештаите дека украинските проектили оштетиле мост на Крим.

Loading...

Во 2014 година, руската армија го зазеде полуостровот Крим од Украина, а нападите врз регионот ескалираа во последните месеци.

Вчера руските власти објавија дека украинските сили го оштетиле мостот Чонгар, кој поврзува делови од Херсонската област под руска контрола со Крим.

Украинските власти директно не презедоа одговорност за нападот, но портпаролката на украинската војска Наталија Хумениук на националната телевизија зборуваше за нарушувањето на руската логистика.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Соловјов постојано ја повикува Русија да користи тактички нуклеарни бомби во војната, пишува Newsweek.

„Тие ги погодија нашите мостови, но ние не ги удираме нивните“

Тој во оваа прилика рече дека нападот на Крим е уште еден пример зошто Русија треба да користи такво оружје.

Новинарот на Би-Би-Си, Френсис Скар, на Твитер сподели преведена снимка од коментарите на Соловјов за нападот на мостот.

„Веќе немаме (друга) опција. Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата – нивните центри за одлучување, а не украинскиот народ. Но, никој во нивното раководство не треба да смее да се чувствува удобно. Обрнете внимание на тоа колку е тешко ни рекоа да удриме по нивните мостови, тие удираат по нашите мостови, а ние не ги удираме нивните“, вели пропагандистот.

Loading...

„Зошто си измислуваме некакви граници?

Тој додаде дека не може да „најде логично објаснување“ зошто руските сили не треба да одговорат со помоќно оружје.

„Не разбирам зошто не го користиме целиот арсенал и се што имаме. Зошто секогаш си поставуваме некои ограничувања? Ако нашето тактичко нуклеарно оружје ни даде предност, можеби е време? Можеби треба само да ги користат?” изјави тој.

Американскиот Стејт департмент претходно го идентификуваше Соловјов како „можеби најенергичниот пропагандист на Кремљ“.

Во последните месеци, Соловјов зборуваше за фактот дека Русија треба да изврши нуклеарен напад врз секоја земја што ќе се обиде да го приведе Путин поради налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.