Пожарникарите на Конектикат спасиле еден човек кој паднал низ подот од куќата во бунар длабок седум метри.
Кристофер Таун му помагал на еден пријател да внесе мебел во куќа во Гилфорд кога одеднаш паднал под подот во бунар за кој никој не знаел дека е таму.
За среќа, бунарот не бил сув, па водата го ублажила падот на Кристофер.
„Слушнав пукање на дрво и кога го погледнав подот, попушти. Тогаш започнав да паѓам“, изјави Таун за медиумите.
Бунарот е длабок околу седум метри и широк метар и половина. Куќата во која се преселил неговиот пријател е изградена во 1843 година, а очигледно пред да биде изградена, на тоа место имало бунар.
„Во одреден момент, бунарот бил покриен само со подот на куќата, без дополнителен слој на материјал, а бунарот не бил запечатен“, соопшти полицијата.
Не можејќи да го допре дното со нозете, Таун останал наоколу држејќи се на ѕидот на бунарот додека не пристигнале пожарникарите и го извлекле.
Firefighters in Connecticut rescued a man who fell nearly 30 feet down into a well when the flooring of a home gave way from underneath him https://t.co/6GFe8Rq4OW
— CNN International (@cnni) June 30, 2020