Пронашол седум килограми злато, но сепак останал со празни раце

Сподели со своите пријатели

Чистач вработен на Меѓународниот аеродром „Инчон“, во истоимениот јужнокорејски град, во една канта за отпадоци пронашол вистинско мало богатство и тоа во златни плочи.

Седум златни плочи вредни 330.000 долари биле во кантите од кои чистачот го празнел сметот. Плочите тешки по еден килограм биле завиткани во весници.

Првобитно се мислело дека пронаоѓачот ќе добие дел од вкупната вредност на она што го открил. Од управата на аеродромот соопштиле дека чистачот нема да може да го добие својот процент со оглед дека златото го пронашол во текот на смената, а проноаѓањето на изгубени работи е една од активностите кои се во описот на неговата работа, пишува ВВС.

САМО ВО РУСИЈА: Од авион на писта испаднале 3 тони злато (ФОТО)

Loading...

Според законот кој е на сила во Јужна Кореја, доколку сопственик на изгубен предмет не се појави и потврди сопственост над пронајдениот предмет во рок од шест месеци, пронаоѓачот го добива сопствеништвото. Меѓутоа, ова не се однесува на вработените кои ќе ги пронајдат работите на имотот на компанијата во која работат.

Доколку пронаоѓачот не би бил вработен на аеродромот би можел да добие од пет до 20 отсто од вредноста на пронајденото злато, односно во тој случај минималниот износ би бил 65.000 долари.

Инаку полицијата на Инчон се сомнева дека златните плочки ги флрил некој во страв да не биде фатен, иако засега нема докази дека пронајденото злато е поврзано со било каква криминална активност.

Leave a Reply