Пронашол бомба па ја донел во градинка да се пофали

Сподели со своите пријатели

Вработените во една германска градинка биле вознемирени кога забележале дека некој од децата во зградата донел бомба, објавува локалната полиција во среда.

Едно момче пронашло запаллива бомба останата од Втората светска војна при шетање низ шумата во близина на Дармштат, во централниот дел на Германија, а потоа одлучил да ја однесе во градинка и да се пофали со неа.

Откако воспитувачката го забележала необичниот предмет, случајот го пријавила во полицијата, а децата ги одалечиле од игралиштето.

Пиротехничарите веднаш излегле на увид и ја однеле бомбата на сигурно, по што децата безбедно се вратиле во објектот.

 

Loading...