Пронашле тело на исчезнатата жена преку Google Street View

Сподели со своите пријатели

Белгијката Полет Ландриук исчезнала на 2 ноември 2020 година. Таа го напуштила својот дом во градот Анден и повеќе не се вратила дома.

Loading...

Жената имала 83 години и боледувала од Алцхајмерова болест. Загриженото семејство немало вести две години.

Полицијата спроведе истрага, 50 полицајци неколку дена ја барале Полет заедно со кучиња трагачи, а белгиската федерална полиција користела и хеликоптер со термални камери.

Сето ова не дало никаков резултат. Два елементи ја отежнаа работата на истрагата, а тоа е болеста на Полет, поради која нејзините движења биле тешко да се предвидат, и особено густата вегетација во тој регион.

Сè се сменило пред некој ден

Полицијата решила уште еднаш да ја обнови потрагата по Полет, со надеж дека ќе може да му соопшти некоја вест на семејството кое било во тотална неизвесност за судбината на својата роднина.

Во новата истрага полицијата имала малку среќа. Истражувачите решиле да ја истражат областа околу куќата на Полет користејќи Google Street View, виртуелна апликација за навигација која секој од нас ја користи одвреме-навреме.

Така, испитувајќи ги сликите, истражител ја видел Полет како го напушта својот дом на денот на нејзиното исчезнување.

Токму тој ден и токму во тој момент, возилото на Google Street View поминувало низ улицата на Полет и ја фотографирало, како што тоа редовно го прават за ажурирање на апликацијата.

Loading...

Ова ѝ овозможило на истрагата на крајно прецизен начин да го утврди правецот на Полет кога го напуштила својот дом.

Речиси две години подоцна, полицијата повторно испраќа тим од 30 полицајци да го истражи теренот, а испраќа и машини за расчистување на просторот обраснат со вегетација во близина на куќата на соседот. Ова овозможило да се најде телото на Полет.

Обдукцијата покажала дека Полет најверојатно паднала и починала од природна смрт. Засега е исклучена вмешаност на уште едно лице.