Пронајдено опожарено возило, претходно користено за разбојништво во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 14,50 часот во Скопје на место викано „Велеполе“ било пронајдено опожарено патничко моторно возило„Рено Сеник“, сопственост на В.С. од Куманово.

Како што додаваат од Министерството за внатрешни работи, возилото било предмет од кривично дело „разбојништво“ на подрачје од Полициска станица Куманово.

фото: архива