Јарослав Трофимов (Јарослав), дописник на The Wall Street Journal, објави фотографија на која, како што вели, се прикажани остатоци од ракета која паднала на станица во Краматорск.
Тој вели дека на ракетата пишува: „За децата“.
Да потсетиме, железничката станица што се користеше за евакуација на цивили во источна Украина, наводно, била погодена од два руски ракети.
Зеленски: Ситуацијата во градот Бородјанка е многу полоша отколку во Буча
Ројтерс пренесува изјави на украинската државна железничка компанија, според која загинале повеќе од 30 луѓе, а над 100 се ранети.
Украинската влада објави дека руските сили користеле касетна муниција за да ја нападнат железничката станица.
АФП јавува дека најмалку 35 луѓе загинале во ракетен напад на станицата во Краматорск.
Just noticed that it says “за детей” — “for children” — on the missile’s booster in Kramatorsk. https://t.co/IkDR4La28f pic.twitter.com/bVMHZbQvvP
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) April 8, 2022