Пронајдени најстарите статуи на Буда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Археолозите во Кина открија пар минијатурни бронзени статуи на Буда, кои, според археолозите, се најстарите пронајдени досега. Тие се стари 2200 години.

Loading...

Две бронзени статуи на Буда и голем број археолошки предмети се ископани од антички гробници кои датираат од династијата Источен Хан (25-220) во северозападната кинеска провинција Шанкси, објави во петокот Академијата за археологија Шанкси.

Будизмот е една од најголемите религии во светот и нејзините следбеници веруваат дека медитацијата, духовната и физичката работа и доброто однесување се начини да се постигне просветлување.

Едната статуа, позната како Шакјамуни, прикажува Буда како стои на платформа облечен во долга наметка, а другата е за Петте Татагата, која ги истакнува петте големи Буда.

Овие фигурини се направени во стилот Гандара, кој е стил на будистичката визуелна уметност што се развил во денешен северозападен Пакистан и источен Авганистан помеѓу првиот и седмиот век п.н.е.

Статуите на Буда ги открија археолози кои работат во северозападната провинција Шанкси, лоцирана во централна Кина, каде што се наоѓаат светски познатите скулптури од теракота во природна големина, откриени во 1970-тите.

За време на ископувањата што траеја од јуни 2020 година до ноември 2021 година, откриени се 3.648 антички гробници, изградени од периодот на завојуваните држави (475 п.н.е. – 221 п.н.е.) до династијата Кинг (1644-1911 п.н.е.).

Утврдено е дека повеќето закопани во гробниците припаѓаат на членови на кралското семејство, високи функционери и великодостојници, а се е запишано во историските книги.

Loading...