Пронајдена „Пи планета“: Слична на нашата, но со една голема разлика

Сподели со своите пријатели

Егзопланетата „Пи Земја“ официјално се нарекува K2-315b. Откриена е со анализа на податоците од мисијата К2 на вселенскиот телескоп Кеплер, а подоцна откритието го потврди телескопскиот систем SPECULOOS во Чиле.

Loading...

Она што ја издвојува од другите егзопланети е една интересна карактеристика – таа се движи околу нејзината матична sвезда во многу прецизна орбита, долга точно 3,14 Земјини денови.

Планетата по состав и големина е многу слична на Земјата, таа е само 5 проценти помала и 20 проценти полесна од неа и орбитира околу студена џуџеста sвезда, тешка само околу една петтина од нашето Сонце.

Орбитата на „Пи Земјата“ е, сепак, многу тесна и се движи со брзина од околу 81 километар во секунда.

„Пи Земјата“ првпат беше снимена во 2017 година, а ритамот оттогаш е уреден и непроменет – орбита од точно 3,14 земјини денови.

Сепак, постои една голема разлика во однос на нашата планета – температурата на површината на „Пи Земјата“ е околу 177 степени Целзиусови, па затоа научниците проценуваат дека не е многу погодна за живот.

Целиот систем во кој се наоѓа, K2-315, се наоѓа на околу 185 светлосни години од Земјата.

 

Loading...

Leave a Reply