Пронајдена француска подморница по која се трагаше половина век (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Француската морнарица успеала да пронајде една од своите подморници која исчезнала пред повеќе од 50 години со екипаж од 50 морнари. Подморницата „Миневра“ пронајдена е недалеку од Тулон.

Loading...

Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли објави на својот профил на Твитер опишувајќи го оваа големо откритие како „Голем успех, олеснување и технички подвиг. Сочувствувам со семејствата кои толку долго чекаа на овој момент“, истакнала министерката.

Британија испрати нуклеарна подморница во Заливот

„Миневра“ е откриена на морското дно на Медитеранот, недалеку од пристаништето во Тулон. Подморницата ичезнала при вежби на 17 јануари 1968 година, а сите досегашни обиди да се пронајде не дале резултати.

Под притисок на роднините на страданите членови на екипажот, кон почетокот на оваа година започната е нова потрага со помош на најнова високотехнолошка опрема за мапирање и следење на плимите и осеките на Медитеранот.

Пронајдена подморница на Ескобар, постои сомнеж дека на неа се крие големо богатство

Преиспитани се повторно сите извештаи од времето кога дошло до несреќата. Тоа подрзбирало повторно истражување на сеизмичките податкоци кои укажувале на тоа дека подморницата веројатно екслодирала додека паѓала на дното од морето.

Високи француски поморски официр за агенцијата Франс прес рекол дека подморницата ја открил брод во сопственост на приватната американска компанија „Оушн инфинити“.

Loading...

„Миневра“ е пронајдена на длабочина од 2.370 метри, 45 километри од градо Тулон, во кој инаку е сместена француската морнаричка база.

Потрошиле 3 милијарди долари да направат подморница, а ја онеспособила вода (видео)

Подморницата потонала за само четири минути, а причината за оваа несреќа никогаш не била утврдена. Семејствата се надеваат дека остатоците ќе пружат долго очекувани одговори.

Син на командантот на подморницата, Андре Фов, навел дека ова бил многу емотивен момент за сите потомци на страданите морнари.

Подморницата која наводно била разбиена на три дела, бродот „Оушн инфинити“ ја лоцирал користејќи подводни дронови и тоа благодарение на фактот дека „Миневра“ потонала во подрачје со ниска седиментација. Првите три имиња на бродот биле јасно видливи на едно од парчињата од остатоците.

Пронајдена австралиска подморница исчезната во 1914 година (фото+видео)

Првобитните извештаи за несреќата претпоставуваат дека подморницата можеби имала проблеми со кормилото пред да потоне.

„Миневра“ учествувала во вежби заедно со авиони кога исчезнала околу 07:55 часот. Тревогата е крената кога следниот ден не се вратила вос војата база. Во потрагата учествувале над 20 бродови, хеликоптери, авиони, дури и францускиот океанограф Жак Кусто трагал по неа, но безуспешно.

Loading...

Пронајдена германска подморница со 23 тела (видео)

Ова е веќе втора исчезната подморница која овој специјализиран американски брод за истражување на морското дно успева да ја пронајде. Минатата година ја открија подморницата „Сан Хуан“ која потона во Атлантикот кај брегот на Аргентина.

Image by skeeze from Pixabay

Leave a Reply