Државјанка на Швајцарија била агресивна кон полицајци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишна државјанка на Швајцарија била приведена поради агресивно однесување кон полициски службеници во Куманово.

– На 19.09.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.К. (65) од Швајцарија, затоа што во село Проевце, кумановско, спречувала и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По расправија избоден 34-годишник од кумановско заврши во болница