Триесет и четиригодишен кумановец бил донесен вчера попладне во Општа болница Куманово со убодни рани од остар предмет.
– На 19.09.2026 во 13:00 часот во СВР Куманово медицинска сестра од Општа болница Куманово пријави дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Б. Љ. ( 34) од село Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил во село Черкези, по расправија со едно лице.
– Се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во соопштението.
Никола Ивановски

