Возел со над два промила алкохол. Приведен 33-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел со над два промила алкохол во крвта.

– На 20.09.2026 во 01:15 часот на улицата „100“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.И. ( 33) од село Добрашане, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „фолксваген пасат “ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По расправија избоден 34-годишник од кумановско заврши во болница

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски