40-годишна кумановка приведена поради напад врз малолетничка

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишна кумановка била приведена ноќва по пријава дека физички нападнала малолетничка.

– На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца кумановци украле пари од деловен објект, полицијата ги привела