Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Куманово – Скопје кај Агино Село.
– На 19.09.2026 околу 21:35 часот во СВР Куманово e пријавено дека на автопатот Куманово- Скопје, во насока кон Скопје, во атар на с.Агино Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (27) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н. (49) и Л.М. (71) од Скопје.
– Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот Б.Н. (28) и сопатничката С.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додаваат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На терен интервенирале и петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица.
Никола Ивановски

