Приведен 24-годишен кумановец кој возел со 1,68 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел со 1,68 промили алкохол во крвта.

– На 20.09.2026 во 02:50 часот, на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.А. (24) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а при преглед кај Ф.А. била пронајдена и марихуана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државјанка на Швајцарија била агресивна кон полицајци во Куманово

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски