Пронајдена австралиска подморница исчезната во 1914 година (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Остатоци од австралиска подморница пронајдени се по потрагата која траела цели 103 години, јавува ВВС.

Во прашање е првата австралиска подморница HMAS AE-1, која исчезнала за време на Првата светска војна во водите на Папуа Нова Гвинеја.

 

Loading...

 

Подморницата исчезнала на 14 септември 1914 година со 35 членови на екипажот, Австралијанци и Британци.

Пронајдена е за време на 13. мисија во водите во близина на островот Војводата од Јорк во Папуа Нова Гвинеја.

 

 

Австралиската Влада соопштува дека со оваа откритие е решена една од најстарите поморски мистерии во земјата.

– Ова е едно од најважните откритија во историјата на австралиската морнарица. Исчезнувањето на оваа подморница бил првиот губиток на Кралската морнарица во Австралија и прв таков губиток на страната на сојузниците во војната. Голема трагедија и за нас и за нашите сојузници, изјавила министерката за одбрана Марис Пејк.

 

Loading...

 

За време на потрагата е користен подводен дрон кој нуркал на длабочина од 40 метри.

Подморницата е пронајдена на 300 метри под површината на океанот.

 

 

Точната локација не е објавена поради нејзина заштита, но судејќи по изгледот и натаму е во една целина, наведува ВВС.

Не е планирано истата да се префрли во Австралија, но ќе започнат активности за утвртување на причините за несреќата.

https://www.facebook.com/hqjoc/videos/2050469401909075/