Пронајдена автоматска пушка во Скопје, приведени три лица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје -Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, денеска по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршиле претрес на дом на Џ.Љ. (63).

Loading...

 

 

При претресот е пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 мм., информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Loading...

За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полоициските службеници.

 

 

Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 396 од КЗ, велат од МВР.

Никола Ивановски