Пронајден починат бездомник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен бездомник од Куманово бил пронајден починат во кругот на кумановската Општа болница.

Loading...

– На 12.11.2023 во 07.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во кругот на Општа болница Куманово бил пронајден починат С.К. (56), бездомник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на претпријатие за погребални услуги.

Никола Ивановски