Огромен и исклучително редок смарагд вреден 2,5 милиони долари пронајден е во рудник во Замбија.
Се работи з 5.655-каратен благороден камен тежок 1,1 килограм, а наречен е „Инкаламу“ што значи лав на локалниот бемба јазик. Смарагдот го пронашле геологот Дебаприја Ракшит и рударот Ричард Капет на 2. октомври во најголемиот светски рудник кагем, кој е во мнозинско сосптвнеиштво на компанијата „Гемфиелдс“ базирана во Лондон.
Имиња добиваат само најголемите и највредни камења. Смарагдот Инсофру, односно слон, пронајден е во 2010. година, а имал 6.225 карати.
Loading...
Инкаламу е скоро двојно поголем од најголемиот дијамант во светот кој е наречен кулинан, а кој е пронајен во 1905 година во Јужна Африка.
Смарагдот ќе биде продаден на приватна аукција во Сингапур во ноември, а 10 отсто од вкупната сума ќе бидат донирани за проекти за заштита на дивите животни во Замбија и Мозамбик.