Нов вид на древен човек пронајден е на најголемиот филипински остров Лузон.
Кај хомо лузоненсис, како што е наречен овој вид, откриена е закривеност на големиот ножен прст, што сугерира дека качувањето и натаму била важна активност на тој далечен предок на човекот, пренесува ВВС.
Физичките карактеристики на новооткриениот вид претставуваат мешавин од оние кај древните човечки предци и новиот човек.
Тоа би можело да значи дека примитивните роднини на човекот ја напуштиле Африка и дошле до југоисточна Азија, што претходно се сметало за невозможно.
Оваа откритие укажува на тоа дека еволуцијата на човекот била многу сложена, со три или повеќе човечки видови на тоа подрачје во времето на доаѓањето на нашите предци.
Еден од тие видови е хомо флоресиенсис, скоро со џуџест раст, кој живеел на индонезискиот остров Флорес до пред 50.000 години.
Островот Лузон е одалечен од Флорес околу 3.000 километри, пишува ВВС.