Пронајден начин за подобрување на работата на мозокот

Сподели со своите пријатели

Тим научници од Универзитетот Алто во Финска и Хелсиншкиот универзитет прв пат ја подобриле работата на мозокот со помош на транскранијални магнетни стимулации, пишува магазинот „Церебрал кортекс“.

За време на експериментот научниците влијаеле на метакогнитивните процеси за будење на невроните со кратки магнетни импулси, што на луѓето им овозможило поефикасно да извршуваат задачи за тактичко паметење.

Метакогнитивните процеси се однесуваат на способноста луѓето да ги следат и контролираат когнитивните процес: различни видови паметења, внимание, емоции и одлучување.