Фосил на кит со четири нозе стар дури 43 милиони години бил пронајден во Перу, пренесуваат странските медиуми.
Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.
Со четири екстремитети и способност да ја носат својата тежина и силна опашка, полувидениот кит се споредува со видра или дабар.
Истражувачите веруваат дека оваа откритие би можело да ја расветли еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.
– Ова е најцелосен примерок на четириножен кит некогаш пронајден, рекол Оливие Ламбер, научник од Кралскиот институ за природни науки во Белгија.
Древниот кит пронајден е во морски седименти во близина на пацифичкиот брег, во местото Плаја Медиа Луна.
Се смета дека првите китови прв пат еволуирале во јужниот дел на Азија пре доколу 50 милиони години.
Бидејќи нивните тела подобро договарале за живот во вода, мигрирале кон северна Африка и Северна Америка, каде исто така биле пронајдени фосили.