Промовиран проектот „Зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку ОРД“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на поранешен Комитет денес се одржа промоцијата на проектот „Зајакнување на соработката и дијалогот помешу заедниците преку Охридскиот рамковен договор“, во организација на „Квина“, а со финансиска поддршка на Европската Унија и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, Сида.

Целта на проектот е поголемо вклучување на малдите и на жените за подобрување на дијалогот и соработката помеѓу заедниците, особено во овие пет општини: Куманово, Крива Паланка, кратово, Старо Нагоричане и Липково. Во сите овие пет општини ќе имаме проекти активности кои ќе ги реализираме. Една од активностите е кофинансирање на пет помали грантови на пет помали организации кои се занимаваат со женски права  и права на младите и нивното вклучување во дијалогот и соработката помеѓу заедниците, меѓутоа тоа е еден од проектните активности – вели Вели Дијана Стојановиќ Џоџевиќ, проект менаџер.

13405689_1189036107781729_162536489_o

Loading...

 

Проектот ќе се спроведува цели 27 месеци преку поголем број активности.

Ќе бидат преземени вкупно 15 активности, меѓу кои ќе има работилници од женски организации и рефинансирање на секоја организација на жени кои делуваат на локално ниво, значи ќе има јавен повик за да можат сите да аплицираат и да ги добијат грантовите, а потоа овие организации ќе бидат вклучени во понатамошните активности – вели Рената Стаменовска, член на Организацијата на жени од Куманово.

13405279_1189036004448406_1921001775_o

 

Според Стаменовска ќе се работи со младите, а кампањи ќе се водат и преку социјалните мрежи и членовите на политички партии, а ќе се промовира и Повелба за мир преку разни кампањи на плоштадот.

Минатата година приоритет беше даден на меѓуетничките односи која секако е важна тема и заради важноста на оваа тема се отворени многу важни институции како Секретаријатот за применување на охридскиот рамковен договор. Беа пределени 1,5 милиони евра за проекти во оваа област и селектирани седум проекти – рече Мартин Клаук, раководител на Одделението за соработка на Делегацијата на ЕУ.

13410734_1189036087781731_821914913_o

 

На промоцијата официјални излагања, Клаук имаа и градоначалниците од регионот, како и Виолета Петровска, претседателка на Организацијат ана жени „Кумановка“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.