Промовиран документарниот филм за Бислимска Клисура (видео)

Сподели со своите пријатели

Во просториите на ресторанот „Грација“ се одржа прмоција на краткиот документарен филм за истакнување на природните убавини со кои расолага Бислимската Клисура која има голем туристички потенцијал за развој на разни спортови, но и основа за економски развој на селата во овој регион.

Loading...

На иницијатива на здружението на граѓани на Локална акциона група за рурален развој – „Гласот на селото“ и Центар за рурален развој „Бујрум“ со подршка од УСАИД, беше реализиран проектот насловен како: „Дојдете, видете, уживајте и зборувајте за убавините на Бислимската Клисура“.

DSC_0177

Се работи за потенцијал кој востудијата што беше направена од страна на центарот за североситочен плански регион се даваат одредени параметри дека претаствува место кое ќе придонесе за економски разовј на рурални средини. „Гласот на селото“ во партнерство со „Бујрум“, кои претставуваат здруженија со експертиза од институциите го направија овој проект со истражување и со помош на институтот за истражувања, факултетот ФОН и Факултетот за земјоделство. – вели Елизабета Цветковска од здружението на граѓани на Локална акциона група за рурален развој – „Гласот на селото“

Ова е втор проект од ваков тип. Првиот беше од страна на Општина Куманово со финансиска подршка од ЕЛС и АФПЗРР за изработка и поставување на 10 информативни туристички карти и табли во Бислимската Клисура.

Со вториот проект, финансиски подржан од Бирото за рурален развој,  беше изработена Студија за воларизација на природни и културни потенцијало во Бислимската Клисура со функција на туристички развој со идејно урбанистичко решение за потек од 7 километри по течениот на реката Пчиња. Исто така со проектот е предвидено унапредување на рекративно пешачки стази со поставување на урбана опрема, како што се: летниковци, клупи и рукохвати.

Во должина од 700 метри низ Бислимската Клисура веќе има поставено летниковци, рукохвати, и информативни табли со мапи за пештерите и локалитетите кои се интересни за посетување.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.