Промоција на Зборникот на трудови „Антево дело“ вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи промоција на Зборник на трудови „Антево дело“.

Loading...

Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација  „Анте Поповски-Антево перо“.

Во улога на промотор ќе биде проф. д-р. Кристина Николовска, која ќе одржи и БЕСЕДА за великанот Анте Поповски.

Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видео материјали со кус рецитал на Анте Поповски и снимки од негови песни во интерпретација на артистите Софија Гогова Врчаковска и Игор Џамбазов.

Ги повикуваме сите љубители на пишаниот збор да бидат дел од овој настан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Интегрално соопштение