Промоција на монографирјата „90 години аероклуб Куманово“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчиски дом во Куманово денеска со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоција  на книгата „90 години аероклуб во Куманово.

Loading...

Оваа книга претставува уште едно дело од авторот Ѓорги Чачкиров, кое овој пат, претставува пионерски зафат и прво дело на полето на истражувањето и потврдувањето на традицијата и фактите за егзистирање на аероклубска воздухопловната традиција на територијата на државата и самиот град Куманово.

Од дневник на летање во Куманово 1949 г.

Авторот, Ѓорги Чачкиров е роден во Скопје, по професија е сообраќаен инженер – професионален пилот,  кој од своите најрани години има зачекорено низ лавиринтите на македонското цивилно воздухопловство,… од моделарство, преку едриличатсво и моторно летање, до наставник за обука на пилоти и раководител на повеќе воздухопловни субјекти во Македонија.

Како дел од цивилната авијација дочека и пензионирање, но остана доследен кон пренесување знаења на помладите генерации и пошироката јавност.

Тасевски на авион Тројка  1953 г.

Loading...

Првата своја книга, која беше и прва воздухопловна литература на македонски јазик, ја има напишано во дамнешната 1981 г., под наслов „Воздухопловно моделарство“. Потоа, следеа и други негови книги кои го збогатуваа фондот на македонската воздухопловна литература,… можеби скромна, но единствена. Така и овој пат, и оваа книга претставува прво дело од ваков вид во Македонија.

Членови на аероклубот- крводарители пред хангар во текот на осумдесеттите години

– Во таа насока, а со лична помош на Никола Петковски, аероклубот  Куманово и „Бониер“ од Куманово, кои се негова сопственост, денес имаме особено задоволство да го промовираме и ова ново дело. Како историско сеќавање и создавање аероклубска хронологија, посветена е на сите оние кои минувале низ кумановското аероклубско небо, но и за пошироката јавност и самиот град Куманово, информираат од клубот.

Авторот на книгата, Ѓ. Чачкиров и сегашниот сопственик на аероклубот во Куманово, Никола Петковски

Во книгата се поместени низа фактографски податоци, од основањето на аероклубот во 1928 година до денес.

Покрај тоа, во неа се изнесени и низа сведочења илустрирани со вредни историски фотографии.

Loading...

Leave a Reply