Промоција на 50-от број на списанието „Корени“

Сподели со своите пријатели

Во четврток со почеток од 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде промовиран 50-то по ред издание на списанието „Корени“.

 Со  последните три броја  од 2015 година , издадени во двобројот 48/49 и бројот 50,  редакцијата на кумановското периодично полијазично и мултиетничко списаие „Корени“   ја исполни  зацртаната   цел да биде најтиаражно и  најбројно списание  кое некогаш излегувало во градот под Козајак зашто со своите 50 бр0ја  и преку 7.100 страници  „Корени“   го надмина списанието „Беседа“  кое излегуваше до 1989  година во 49 изданија.

Инаку списаието „Корени“ својот од на македонската периодична сцена го започна во 2002 година , со продукција на шест јазици кои се гворат  во кумановскиот регион,  пополнувајки го празниот простор на периодиката во градот и  заклучно со 2015 година  издаде 50 броја во кои твореа преку 650 автори од сите  етнички заедници на овие простори, како и со  книжевни  творци од просторот на поранешна Југославија и Бугарија. Преку европската мрежа на културни магазини на Европа- „Еурозине“ од Виенаво која „Корени беше единствен претставник од Република Македонија,  беа обезбедени  и автори од најразвиените европски  списаиија . Иако ова списание беше типично куамновско со прекупација за овој регион и афитмирање на вредностите кои истиот ги носи, тоа делуваше и глобално, преку  мрежата „Еурозине“ и нивниот сајт,  кое што го обезбедуваа  автори како што се Венко Андоновски Сашо Прокопиев Денко Малески Луан Старова,  Исмаил Кадаре, Иван Крастев, Татјана Журженко и други  истакнати   историчари и филозофи, книжевни автори речиси од сите жанрови.  Основната нишка на списаието беа есеите, а редакцијата го негуваше овој вид на книжевно творење зашто секоја година, девет пати до  2014 година, го органзиараше  интернационалниот конкурс за „Мартовски есеи “на списанието со автори од балканскиот регион. и со пропратните „Вечери со боја на вино“ каде се доделуваа награди на најдобрите есеисти за таа година.

Последниот , педесетиот број  на списанието, кој , како се одвиваат работите во овој град и државата воопшто може да биде и последен,  целосно е посветен на кумановската кафеана во дваесетиот век од  главниот уредник на списанието  Димитар Масевски.Низ една мошне интересна етно урбана сторија  низ бројот се презентира  угостителството на градот во минатиот век со сите нишани, , низ неа дефилираат многу луѓе , еснафи на градот во времињата изминати, брендови на Куманово  во еден период од стотина години,  се менуваат општествено политичките системи и власта со промените, но таа,  Кафеааната останува стамена и верно го следи развојот на градот пружајки го своите услуги и делот од приказната за овој  град. На околу 200 страници , илустрирани со  интересни фотографии, авторот прави напор да го открие градот низ призма на неговите  угостителски објекти  низ кои поминувале  најголем дел од граѓаните

Се очекува  промоцијата на списаието, односно броевите 48/49  во кој редакцијата ги доделува наградите  за најдобрите есеисти за 2014 година  и признанието на кумановецот Фахри Каја за придонес во развојот на македонскиот и турскиот есеј  и достојно  ги одбележува ликовите на  починатѕите соработници на списанието ,  Звонко Стојановиќ Хаџипоп  , Стојан Тренчевски и Драган Илиевски  Гари , како  и педесетиот јубиларен број , да се одржи  на 14 април на кој за оваа списиание, ќе говори  др Александар Прокопиев , а  посебно за педесетиот јубиларен број  и Кумановската кафеаана,  се очекува да  говори   директорката  на Институтот за македонска литература од Скопје, проф. др.  Маја Јакимовска  Тошиќ.