Променливо облачно со температури до 12 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат со послаб интензитетет.

Loading...

Попалдне облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до четири степени, а максималната дневна ќе се движи од два до 12 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме мерено облачно време со сончеви периоди, но и минимални услови за слаб дожд.

Максималната температура во кумановско денеска се очекува да достигне 8 степени.

Следните три дена времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен западен ветер.

Минималните температури низ државата до крајот на оваа седмица, ќе се движат од минус седум до три степени, а максималната ќе биде од осум до 14 степени.

Leave a Reply