Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови попладне со повремен дожд

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата во утринските часови ќе изнесува 3 степени, а максималната дневна се очекува да достигне осум степени целзиусови.

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Leave a Reply