Променливо облачно со подолги сочеви периоди

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше малку до умерено облачно. Изутринава во поголем дел од земјава е сончево, а во северозападните делови умерено до значително облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот низ Македонија времето ќе биде променливо облачно со подолги сочеви периоди во источните делови.

На планините во северозападните подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 15 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply