Променливо облачно со кратки сончеви периоди

Сподели со своите пријатели

Времето претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува 0 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 10 степен.

Во четврток и петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во сабота продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

Leave a Reply