Променливо облачно со благ раст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со кракти сончеви периоди.

Утринската температура изнесуваше три степени, а максималната дневна се очекува да достигне осум степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply