Програмата на „Денови на комедија“ траеше до 1 часот по полноќ

Сподели со своите пријатели

До еден часот по полноќ траеше втората вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

На репертоарот вчера беа претставата „Власт“ на штипскиот Народен театар, по што со кратка пауза следуваше „Стенд ап“ вечер со кумановски актери и Тино и Атанас.

Околу 20 часот започна штипската претстава која мамеше насмевки и аплаузи од кумановската публика, која некаде околу 22 часот ја напушти салата и се подготвуваше за вториот дел од програмата.

Со мало задоцнување започна и стенд ап вечерта на која со својот хумор кумановци до 1 часот по полноќ ги држеа будни Мирослав, Чедо, Ангела, Тино, Атанас и Марко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граната пронајдена во центарот на Куманово

 

 

Иако фестивалот технички веќе навлезе во третиот ден, публиката беше неуморна да ги награди стенд ап комичарите со громогласни алаузи, што зборува за љубовта на кумановци кон хуморот и фестивалот кој годинава слави 25-годишен јубилеј.

Loading...

Програмата продолжува вечерва со претставата „Да, инспекторе“ на Народен театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Никола Ивановски