Прогноза за Куманово: Што носи претпоследниот викенд годинава?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Loading...

Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќезасилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне четири степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна температура се очекува да достигне осум степени целзиусови.

 

Loading...

 

Недела ни носи претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северостиочен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 10 степени целзиусови.

 

 

Следната недела ќе имаме претежно сончево и суво време.

Никола Ивановски

Loading...