Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, утрово се сретна и им врачи награди на најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар
за 2021 година, активност секоја година општината ја реализира.
„За најдобар полицаец е прогласен полицискиот службеник во Полициска станица од општа надлежност- СВР Куманово Далибор Станојковиќ. Додека пак, за најдобар од Територијалната противпожарна единица Куманово е избран Игњат Наковски, кој е пожарникар и спасител. Од мое име и од име на граѓаните им честитам за покажаната професионалност и се надевам дека ова ќе биде дополнителен поттик за понатамошен успех и позитивен пример за средината во која ја извршуваат својата професионална должност“, истакна Димитриевски.
Во своето излагање, Димитриевски потенцираше дека во вакви прилики мора да се одаде признание на вистинските луѓе, да се почитува системот за напредување во кариерата и да се истакнуваат професионалци кои покажале особен успех во работењето во доменот на своите работни задачи.
– Оваа година доста работевме пред се голем поздрав до колегите, благодарност до нив, да не беа тие немаше да бев тоа што сега сум, имам голема поддршка од нив, изјави пожарникарот Наковски.
Полицискиот службеник Далибор Станојковиќ во МВР е вработен веќе 17 години.
Голема благодарност до старешините кои ме прогласија за најдобар полицаец, благодарност до полициските службеници, а најголема благодарност до колегите кои работат со мене во цивилна облека во единицата Алфа за сузбивање на организиран криминал, како тешки кражби, разбојништа, нелегална трговија со трога и други активности, изјави Станојковиќ.
Најдобрите полицаец и пожарникар со своите претпоставени го испија првото утринско кафе со градоначалникот Димитриевски.
Никола Ивановски