Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар во градот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги врачи наградите на најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот.

За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Виктор Ристовски, додека за најдобар вработен во Територијалната против пожарна единица е прогласен Митко Кодевски.

 

Loading...

DSC_0006

 

Со градоначалникот го испија утринското кафе, а како награда симболично во знак на благодарност им беа врачени часовници.

Луѓето кои се грижат за безбедноста на градот, а тоа се припадниците на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи и Против пожарната единица, луѓе кои дадоа најголем допринос граѓаните да бидам мирни и да спијат мирно, да имаме безбедност и тоа е една заслуга на граѓаните према нив – додаде Дамјановски со желба во 2016 да немаме никакви нарушувања на безбедноста во градот.

 

Полицискиот службеник Виктор Ристовски, кој зад себе има 17 –годишна кариера во рамките на Секторот за внатрешни работи, како сообраќаен полицаец е добитник на овогодинешното признание за најистакнат работник.

 

DSC_0003

 

Loading...

Чест и гордост е за секој полициску службеник во текот на својата кариера да добие вакво признание затоа што сега уште повеќе активно ќе се ангажирам за да бидам уште подобар за да бидам поуспешен од сега – истакна Ристовски.

 

Митко Кодевски, водич на групата во Територијалната против пожарна единица Куманово, кој има 30-годишно работно искуство е прогласен од своите колеги и од општината за најдобар работник во 2015 година.

Било кој да ја добил оваа награда би бил благодарен и поттик за понатамошната работа, ние работиме тимски и секој сам не може да си ја заврши работата кај нас, ако еден на друг не си помогнеме и не работиме заедно – истакна Кодевски.

 

Инаку оваа традиционално наградување се одржува веќе 11-та година по ред и истото ќе продолжи за да им се одаде признание на оние кои се грижат за безбедноста на граѓаните на Куманово.