Прогласена вонредна состојба!

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава со цел заштита и спасување на граѓаните од Ковид 19, односно коронавирусот.

Loading...

Во следните 30 дена државата е во вонредна состојба, а тоа значи дека Владата ќе ги има на располагање сите ресурси на државата, како во државна, така и во приватна сопственост.

Како што рече претседателот по истекот на овие 30 дена ќе бара Владата да му достави извештај за преземените мерки дотогаш и образложен предлог за евентуално продолжување на вонредната состојба за дополнителни 30 дена.

– Фактот што за прв пат од нашата независност воведуваме вонредна состојба укажува колку е сложена ситуацијата и колку е голем ризикот. Од денес извршната власт ќе има зголемени надлежности и ќе може да ги користи сите ресурси на државата, и државни и приватни. Во вонредна состојба Владата ќе може да носи уредби со законска сила со цел да воведе поголеми ограничувања во движење на луѓето и да обезбеди поголеми средства за економијата која влегува во лош период, рече Пендаровски.

Како што рече шефот на државата, очекува во следните 30 дена Владата, сите министерства, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и сите инволвирани институции дневно да информираат за сите активности кои ги преземаат.

Изборите, како што рече Пендаровски, се одложуваат.

– Владата ќе продолжи да функционира како техничка, што значи дека ќе даваат придонес и претставници на опозицијата. Тоа е можност да покажеме на дело дека во ваква опасност за нашата држава и граѓаните сите партии ќе работат за здравјето на луеѓто и нема да се грижат за политички рејтинг. Во оваа ситуација ќе бидат одложени изборите, и ќе бидат закажени кога ќе се создадат услови. Сите анализи дебати и калкулации за добивање гласови и мандати треба да ги оставиме на страна затоа што се безбедни во однос на најскапоценото, изјави претседателот.

Пендаровски им порача на граѓаните да бидат дисциплинирани и одговорни пред себе и пред своите најблиски, да им помагаат на повозрасните и лицата со хронични заболувања, да не излегуваат од дома без значајна потреба.

Loading...

– Во оваа прилика посебно да се заблагодарам на сите здравствеи работници, полицајци, војници и волонтери во изминатите недели вложуваат напори да им помогнат на граѓаните, рече Пендаровски.

Порака, првиот човек на државата упати и до нашинците кои моментално се во странство.

– Имам порака и за сите наши државјани надвор од земјата, најпаметно е да останете во земјата во која што сте, доколку сепак решите да се вратите дома, добредојдени сте но треба да знаете дека мора да ги почитувате сите мерки од институциите, а тоа значи и можноста да бидете сместени во карантин, изјави Пендаровски.

Сите граѓани да останат смирени, одговорни и солидарни еден кон друг, е пораката со која пендаровски го заврши обраќањето до нацијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply