За поефикасно справување со пожарите, Владата на Република Македонија одлучи да прогласи кризна состојба во општините Македонски Брод и Чашка.
По одржаната седница на Владата, на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во функција на претседавач на Управувачкиот комитет за управување со кризи, соопшти дека во наредните 30 дена на подрачјето на овие две општини е прогласена кризна состојба поради големите пожари кои беснеат со денови.
Ова е донесено сè со цел да можат во координирана акција сите институции на Република Македонија, да делуваат на состојбата за справување со пожарите и на еден поефикасен начин да се одговориме на оваа ситуација, бидејќи гледаме дека во наредниот период ќе имаме временски услови со високи температури, а со тоа и можнст за ширење на пожарите. Ова е една од мерките која што ќе гарантира безбедност за овие региони и успешно справување со овие пожари, до нивно целосно гасење – вели Спасовски.
Loading...
Според Спасовски, кризната состојба не е резултат на експалирана состојба со огнените јазици, туку поради подобра координација на екипите на терен.