Професорот Југослав Спасиќ од Куманово освои награда за креирани наставни содржини

Сподели со своите пријатели

Професорот по физичко и здравствено образование Југослав Спасиќ, од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ освои второ место на конкурсот што го распишала, Фондацијата Метаморфозис за најдобри наставници во државата-за отворени образовни ресурси за годинава, каде освоил 91.7 бода. На конкурсот, Спасиќ се пријавил со видеопрезентации коишто ги креирал за наставни содржини по физичкото и здравствено образование. Тој бесплатно ги поставува на Јутјубканалот „Спортски педагози Куманово“.

Loading...

 

 

Оваа учебна година вели Спасиќ е специфична, бидејќи се работи во услови на пандемија, а особено е предизвикувачка за наставниците по предметот физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности кои во вакви услови треба да реализираат онлајн настава. Помеѓу барањата на конкурсот било барано и материјалите јавно да се споделат и да имаат соодветна содржина за онлајн наставата, да бидат креативни, да понудат повеќе од тоа што го нудат програмите, учебниците и другите стандардни материјали, како и квалитетна техничка обработка кој ќе го задржи вниманието на учениците.

-Предизвикот е огромен, преку учење на далечина не сме во можност да ги следиме сите ученици дали се активни на часот и во колкава мера се активни за да го постигнат неопходното ниво на спортско знаење, кое е во функција на нивното здравје. Но, видеата се структурирани и креирани според сите научно-методолошки стандарди за реализација на часот по физичко образование, инвентивни, бидејќи со стуткана хартија во топка, пластично шише со вода, врвца, сукало, столче, ѕид или под, креирани се лесно достапни и модерни часови кои може да се реализираат дома во четири метри квадратни и на отворено во двор и во природа. Со иновативната технологија која ја применив се зголемува интеракцијата и комуникацијата со наставникот, ученикот може вежбата да ја види и анализира повеќе пати од различни агли, со различно ниво на изведба, да ги применува видеата за време на часот, на одморите меѓу часовите за раздвижување на телото, како и по завршување на часовите за рекреација, вели Спасиќ.

 

Loading...

 

Идејата потекнала од специфичните услови во кои сега се изведува наставата и во разговор со колегите кои вели несебично му помагаат во снимање на видеата во изработката која, според сите научно-методолошки стандарди и принципи за изведување на настава по физичко е квалитетна и одржлива.

-Целата програма ја разработивме во планирања, сите планирања во методски единици како што треба да се изведе еден час и тоа беше првиот мотив да се реализираат овие видеа, а дури потоа видовме дека има конкурс. Некако сакавме да бидеме во друштво на тие креативни, несебични наставници, добронамерни, што навистина своите трудови, своите часови сакаат да ги споделат со сите наставници и родители. Нормално на сите им е пријатно што сме избрани или поточно јас како автор, на тие материјали и видеа за најдобар наставник со образовни ресурси, вели Спасиќ.

 

 

Видеата на почеток ги креирал на класичен начин, но, веќе од пред еден месец в ги снима со камера која овозможува снимање на просторот од 360 степени. Технологијата која ја користи за снимање на часовите им овозможува на учениците видеата да ги гледаат виртуелно исто како да се присутни во спортската сала, односно, како професорот заедно со нив да е дома и да им ги демонстрира и објаснува вежбите.

– Според моето истражување по интернет кое е достапно за нас, можеби сме први во светот кои ја применуваме оваа технологија за креирање на онлајн часови по физичкото образование, вели Спасиќ.

Loading...

 

 

И неговите колеги можат да ги преземат бесплатно, четириесетината видеа, додека потребниот материјалот за наставниците, програма, потребни планирања на месечно, на тематско ниво, можат да се најдат на неговиот личен блог-jugoslavsport.blogspot.com и слободно можат да се преземат, да се модифицираат кон условите и потребите на различни училишта, нивната местоположба, урбана или рурална средина, помал или поголем број ученици, комбинирани паралелки и слично. Во второто полугодие, Спасиќ планира на сите видеа да има превод за да можат да ги користат наставниците и учениците кои реализираат настава на свој мајчин јазик, различен од македонскиот, а ќе може да ги користат и учениците со посебни образовани потреби, а ќе бидат достапни и на англиски јазик.

– Од контактите што ги имам знам дека наставниците ги пренесуваат, употребуваат ширум нашата држава, учениците ги гледаат, можат да ги применуваат и вон наставата, има вежби за десетминутен одмор во ден кога немаат физичко образование, учениците да го раздвижат телото, структурирано има за одделенска настава, бидејќи ученици од четврто и петто одделение имаат онлајн настава, а немаат наставник по физичко, во нижите одделенија барем има тандем наставник и за нив изготвуваме часови по физичко, истакна Спасиќ.

 

 

Loading...

Освен за потребите на основните, Спасиќ снима видеопрезентации и за средните училишта.

Александра Максимовска

Leave a Reply