Професор и студент од Куманово со соларна енергија до иновации (фото)

Сподели со своите пријатели

Важноста за искористување на обновливите извори на енергија, посебно енергијата од Сонцето, неколку години наназад бележи пораст во целиот свет.

Loading...

Откако со векови беше покривната потребата од електрична енергија преку необновливи извори, главно фосилни горива, јаглен нафта и природен гас, денес глобалната слика е променета во друга форма, а обновливите извори се повеќе се сметаат за клучен фактор на нашата иднина.

По две години неуморна работа, професорот по физика во кумановската Гимназија „Сами Фрашери“, Насер Мифтари и неговиот поранешен ученик, сега веќе студент на Факултетот за применети уметности на Универзитетот во Тирана, Бујар Далипи, претставија два заеднички проекти, наречени „Дрита“ (светлина) и „Буна“, за која се наградени и проектите се сметаат за енергетска иднина.

Со проектот Дрита електричната енергија се добива со директно претворање на енергијата на сонцето, т.н. соларна фотонапоснак енергија, со помош на регулатори кои служат за регулирање на полнењето на соларните батерии, штитејќи ги од преполнување – појаснува Бујар Далипи.

 

151123020.1_xl

 

Овој проект, како што додава тој, се разликува од другите претворачи не многу работи.

Најважна е протрошувачката, каде при демонстрација на проектот е видено дека една ЛЕД сијалична троши 0,65 ампери по час, додека во счуај кога се користи некој друг инвертет истата троши 1,6 ампери по час. Многу е пренослив, одржувањето е доста лесно и се полни со помош на соларни панели, што значи дека функционира со помош на алтернативна енергија, енергија на иднината – додава Далипи.

Исто така, по мерењата на потрошувачката на некој инвертер произведен во Европа или светот, се покажало дека со обична батерија сијалицата може да свети до пет часа, додека со проектот Дрита, истата батерија таква сијалица напојува 30 часа, тврди Далипи.

Loading...

Мифтари и Далипи овој проект први го претставиле на германскиот Институтот за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ) во Тирана, каде имале можност да ги поткрепат своите тврдења дека сијалицата може да свети 30 часа, 25 повќе од стандардните пет часа. GIZ нивниот проект го испратил ан разгледување и каок што велат очекуваат добри вести од нив.

Вториот проект Буна, предвидува напојување на доплонителни батерии односно акумулатори од 12 волти, исто така со помош на соларни панели.

151123020.5_xl

Професорот Мифтари истакнува дека со помош на оваа иновација можат да светат 12-13 сијалици, со многу ниска потрошувачка од само 2 ампери по час.

Тоа знаци дека доколку имаме батерија од 100 ампери, со помош на оваа откритие истиот број на сијалици може да свети и до 50 часа. Може да се користи секаде каде не е испорачана електрична енергија, затоа што лесно може да се најде батерија за напојување. За разлика од проектот Дрита, каде има струјни прекиди, кај овој проект тој проблем го нема, иако е предвидено користење на сијалици од 220 волти – појаснуав Мифтари.

По двегодишното алагање, велат дека успеале да запалат низа од 70 светилки, каде потрошувачката се движела од девет до десет ампери по час, додека кај другите инвертери од светскиот пазар, за светење на истиот број сијалици биле потребни околу 45 ампери по час.

Моментално овој проект чека признавање и сертификација на светски признаени институции, меѓу кои и Меѓународната организација за стандардизација, како најголема светска организација која се занимава со развој и извадање на интернационални стандарди.

151123020.3_xl

Овој професор и неговиот поранешен ученик учествувале на научна конференција во Тирана и Меѓународниот саем за иновации во Скопје, каде за двата проекти биле наградени, будејќи голем итнерес на публиката коај се распраѓувала кога нивните иновицаии е излезат на пазарот.

Loading...

Имено, се претпоставува дека во следнит енеколку години користењето на обновливите, односно алтернативни извори на енергија, па така и енергија на Сонцето, ќе биде во постојан пораст, најмногу поради целите за смалување на емисијата на стаклени гасови, поради што настанува и сегашното гловално затоплување, потоа поради зголемување на употребата на електрична енергија од обновливите извори на енергија, смалување на цените на обновливите извори, па така и желбата за што помала зависност од фосилните горива, моментално основни и се поскапи извори на Земјата.

Извор: Анадолија


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.