ПРОФЕСИОНАЛНИ ЧИТАЧИ НА КНИГИ: Професија која постои само во фабриките за цигари во Куба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куба е светски позната по своите цигари, а приказната за нивното производство е доста интересна.

Loading...

Кубанските цигари ја доживеаа својата експанзија во 90-тите години, привлекувајќи внимание на медиумите. Покрај тоа што се направени од квалитетни суровини, големо внимание се посветува на правење на секоја цигара.

Малкумина знаат дека кубанските цигари се именувани по делата на Александар Дима и Вилијам Шекспир. Причината за ова е традицијата на читање книги во фабриките за цигари.

 

 

Имено, сето тоа започнало во 1865 година. Прво во Хавана, а потоа и низ целата оваа островска држава, работниците решиле да ангажираат професионални „читатели“ кои ќе читаат гласно за нив во фабричките простории за време на работното време.

Работниците го создале ова специјално работно место за да ги надополнат часовите на монотона работа со храна за духот, да го информираат и вклучат умот.

Loading...

Читателот не може да биде секој. Идниот кандидат морал да има совршена дикција и да може да изведува три различни улоги.

Читателот седи на подигната платформа за сите да слушнат и чита содржини што работниците би ги избирале за себе.

 

 

Опусот на текстови се движел од дневни весници, списанија, преку стручна литература до литературни дела.

Работниците честопати застанувале покрај фабриката и им аплаудирале на читателите. Тие активно учествувале, коментирале и се едуцирале за филозофски идеи и пораки од делото.

Денес, традицијата продолжува, забавува, инспирира и зближува генерација по генерација на фабрички работници.

Loading...