Проектот ”Почуствувај ја Македонија” ќе биде спроведен и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од денес до средината на март 2016 година ќе започне имплементацијата на вториот циклус од проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ , иницирана од Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со претставници на културата од земјава и од Балканот.

Loading...

Проектот ќе стартува од денес во општина Струга, а до март идната година ќе продолжи во општините: Дојран, Битола, Крива Паланка, Берово, Маврово, Македонски Брод, Свети Николе, Кочани, Велес и Чашка, Демир Капија, Куманово. 

Во настаните ќе бидат вклучени писатели, научници, актери, музичари, ликовни уметници, хуманитарни организации, а проектот е поддржан од голем број здруженија на граѓани и институции.

– Идејата е нашите настани да не се одржуваат во библиотеки и домови на културата, туку да го испочитуваме обичниот, простодушен, но мудар народ кој живее во селата. Не може да се опише чувството кога 80-годишни изработени и чесни селани седат заедно со нивните внуци и слушаат како некој со големо внимание за нив рецитира поезија, пее оперска арија, глуми и им подарува книга, соопшти Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.