Во Картум денеска продолжија да одекнуваат жестоки истрели и нема знаци за крај на борбите, додека цивилите приведени во суданската престолнина рекоа дека нивните молби биле игнорирани и од суданската армија и од ривалските Сили за брза акција (РСФ).
„Четири дена сме без струја и тешка ни е ситуацијата. Ние сме жртви на оваа војна и не сме дел од неа. Никој не се грижи за граѓаните“, вели Отман Хасан (48), жител на јужниот дел на Картум.
И покрај тоа што неколкупати прогласија прекин на огнот, двете страни продолжуваат да се борат за контрола на територијата во Картум, сето тоа пред предложените разговори во Саудиска Арабија, иако лидерите на двете фракции покажаа мала волја да преговараат по речиси три недели борби.
Повеќе од 400 цивили загинаа во борбите во Судан, се случи хуманитарна катастрофа, а многу жители побегнаа во соседните земји во потрага по безбедност.
Од 15 април во Судан се водат борби меѓу суданската армија и Силите за брза реакција.
Конфликтот избувна меѓу единиците лојални на воениот владетел на Судан Абдел Фатах ал-Бурхан и РСФ предводени од Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти, кој е заменик-шеф на владејачкиот совет во кој беа вклучени и двајцата лидери.
Нивната борба за моќ ја спречи транзицијата кон цивилно владеење и предизвика страв од долга граѓанска војна.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.