Продолжува реконструкцијата на улиците во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Деновиве заврши уредувањето на краците од улицата „Веселин Маслеша“ во населбата Перо Чичо во Куманово.

Loading...

Тие се дел од програмата за пролетното уредување и реконструкција на патната мрежа низ Куманово.

 

 

Како што најави градоначалникот Максим Димитриевски на последниот брифинг со новинарите, во претстојниот период ќе бидат уредени уште улици.

 

Loading...

 

Според Димитриевски во тек е и реконструкција на улицата „172“ во населбата Карпош, каде во следниот период ќе започне и уредување на улиците „111“ и „112“.

– Дел од булеварот „Трета МУБ“ од улицата „Страшко Симонов“ до улицата „Тоде Мендол“, беше изведен најголем дел и продолжуваме со изградба на тротоарите и целосно уредување на таа улица. Дел од улицата „Страшко Симонов“ од зелен пазар до булеварот „Трета МУБ“ каде претходно со одлука на Советот направивме тука да биде двонасочен сообраќајот за тој дел на улицата за да се олесни движењето на возилата и дотурот на стоки во новоизградениот објект на поранешен „Први мај“, изјави Димитриевски.

 

 

Пролетва ќе следува и реконструкција на улицата „Боро Чушкар“, додека пак на улицата „Киро Фетак“ на потегот од улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ до улицата „Борис Кидриќ“ и крак 1 и 3 се врши реконструкција на фекална канализација.

На дел од улицата „11 Ноември“ ќе биде извршена реконструкција на водоводната мрежа, како и на улиците „Јане Сандански“ и „Славиша Вајнер“.

Loading...

 

 

Од градежните активности кои ги презема општината во моментов, како што брифираше Димитриевски е и уредувањето на Спортската сала.

– Внатрешно уредување на спортската сала, кое е во тек и се врши поставување на подови и дополнително уредување на местата за седење во салата. По завршување на овие опфати ќе се работи на изградба на комплетно ново борилиште или монтажа на нов современ под, рече градоначалникот.

 

 

Loading...

Во меѓувреме на градскиот базен ќе бидат поставени топловодни пумпи и соларни колектори, а се очекува да започне и реконструкција на објектот на поранешна Соколана.

Никола Ивановски