Продолжува променливото облачно време со повремени локални врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд, кои во попладневните часови можат да бидат придружувани и од грмежи.

Максималната температура во кумановско денеска ќе достигне 18 степени целзиусови.

Како што најавуваатод УХМР, продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply