Продолжува портокаловата фаза поради екстремно високите температури

Сподели со своите пријатели

Иако првично најавен за петок, сабота и недела, портокаловиот метео аларм поради екстремно високите температури останува вклучен и на стартот на оваа недела. Денеска Куманово е во зелена фаза, што значи дека нема опастност, но во три други региони останува да свети портокалово.

Веќе за утре надлежните повторно го активираат второто предупредувачко метео ниво, односно портокалова фаза ќе биде прогласена на територијата на целата држава.

Од денеска во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево и многу топло време.

Според прогнозираните температури во наредните денови повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок со благо опаѓање на температурата, кое ќе продолжи и во сабота и недала.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.