Продолжува крпењето на дупките по кумановските улици (видео)

Сподели со своите пријатели

Над 250 тони асфалт ќе бидат искористени во следните 10 дена за потполнување на дупките по патиштата низ градот, а деновиве започнува и поставување на нова хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Над 250 тони ќе бидат уградени во наредните 10 дена и со тоа ќе ги ублажиме проблемите околу крпење на ударните дупки, а паралелно со тоа тече изградбата, односно санција на постоечката инфраструктура – рече вчера градоначалникот Дамјановски.

Во меѓувреме се реконструира и патниот правец кој води кон градските гробишта, а градоначалникот упати извинување кон граѓаните на Општина Куманово што за празникот Духовден не било целосно завршено реновирањето.

Нашите изведуавчи поради технички проблеми не беа во можност приодниот пат до гробишта кој има многу дупки да биде саниран. Еве овие денови ќе биде завршен, жалам што за празникот не беше припремен. Имаме технички проблеми, дефекти на самите машини што сечат, после тоа има припреми и не успеавме за празникот баш овој дел од градот каде имаме доста оштетувања да го санираме – дадава Дамјановски.

Инаку денеска работници започнаа со поставување на нова хоризонтална сигнализација на крстосницата помеѓу улиците „Доне Божинов“, „Тодор Велков“ и „Ленинова“.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.